Пребарување

Видео конференција по повод од Првата годишнина од посетата на папата Фрањо во Македонија Видео конференција по повод од Првата годишнина од посетата на папата Фрањо во Македонија 

Видео конференција по повод Првата годишнина од посетата на папа Фрањо во Македонија

Католичката црква во Македонија по повод Првата годшнина од посетата на папата Фрањо во Македонија организира видео конференција

По повод првата годишната од историската Апостолска посета на папата Фрањо на Македонија, Католичката црква во четврток на 7 мај 2020 година  организира онлајн видео конференција, на која покрај домаќинот монс. д-р Киро Стојанов свое обраќање има Апостолскиот нунциј за Република Македонија, монс. Анселмо Гвидо Пекорари, кардинал Винко Пуљиќ, поранешниот претседател на Македонија г-дин Ѓорге Иванов, архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, г-дин Бујар Османи, вицепремиер задолжен за европски прашања г-дин Виктор Димовски, поранешен Државен секретар во МНР и други видни личности од земјата и регионот, а беа воспоставени линкови со Скопје, Сараево, Софија, Белград, Загреб и други градови од земјата и од регионот.

Целта на оваа видео конференција е да се оживеат историските моменти од Апостолската посета на нашата земја. Учесниците имаа можност да ги изнесат своите впечатоци и што беше она што никогаш нема да го заборават, како и што е она што трајно ќе остане запаметено во Црквата и во општеството.

Видео конференцијата беше пренесувана преку Youtube каналот Radio Marija MK.

08 мај 2020, 11:09