Кардинал Бесети, претседател на Италијанската епископска конференција Кардинал Бесети, претседател на Италијанската епископска конференција 

Во Италија од 18 мај литургиски славења со присуство на народот

Италијанската бискупска конференција потпиша протокол со Италијанската Влада со кој повторно се дозволуваат црковни прослави со присуство на народ.

Секој одговорно го сторил својот дел – рече претседателот на Италијанската бискупска конференција, кардинал Гвалтиеро Басети, коментирајќи го потпишувањето на протоколот со италијанската Влада со кој од 18 мај повторно се дозволуваат литургиски славења со присуство на народот и истакнувајќи ја ангажираноса на Црквата да допринесе во надминувањето на моменталната криза. Договорот беше потпишан по соработката на бискупот, Премиерот и министерот за внатрешни работи, и конкретно со Одделот за граѓански слободи и имиграција.

Во согласност со здравствените прописи кои во Италија се подготвени за стопирање  и управување со епидемиолошките вонредни ситуации, протоколот наведува некои мерки кои треба внимателно да се следат, а се однесуваат на пристапот кон места за обожување за време на литургиските славења, како што се дезинфекција на места и предмети, придружување на мерките за време на литургиските славења и Свети Тајни, комуникацијата која треба да се подготви за верниците како и општи совети. Тие мерки ги толкуваше премиерот Конте, наведувајќи ја содржина и најсоодветните начини за да се организираат повторно со присуство на народ литургиските славења.

Протоколот особено говори за пристапот кон местата за обожување со учество на волонтери и во присутност на верниците само со маски и со одржување на физичка дистанца. На оние кои имаат знаци на грип и дишни проблеми со температура повисока од 37,5 степени, како и оние кои биле во контакт со заразени со коронавирусот, се забранува пристап на места за обожување. Влезовите и излезите, колку што е тоа можно, мора да се разликуваат, а секако мора да се обезбедат места за лица со инвалидитет. На крајот од секоја Литургија мора да се дезинфицира просторот и предметите кои се користеле. Садовите за света вода мора да бидат празни, а давањето на мир мора да се изостави. За време на обредот на причест славеникот е должен да ги дезинфицира рацете, да користи ракавици и маска, и контактот со раце на верниците е забранет.

Присуство на сослужители поради здравствена сигурност се сведува на минимум, изоставено е присуството на хор и други помагала, а дозволено е присуство на еден оргулар. Освен за евхаристиско славење, прописите важат за сите видови на славења. Во протоколот се спомнува и Светата тајна исповед и се напоменува дека треба да се одвива на големи и проветрени места, додека славењето на Светата Тајна миропомазание се одложува. Таму каде што местото не е соодветно во однос на споменатите прописи, а кои мора да бидат поставени на влезот од Црквата заедно со ограничен број на верници врз основа на големината на местото, бискупот ординариј може да одобри можност на славење на отворено.

Подготвувајќи го текстот, целта беше да се задржи единство на потребна заштита на јавното здравство со достапни и употребливи информации на секоја црковна заедница – истакна Италијанската бискупска конференција, напоменувајќи дека протоколот ќе стапи на сила на 18 мај. Италијанската Влада пак се заблагодари на бискупската конференција за морална и материјална поддршка која што ја дава на целото италијанско општество во овој тежок момент. Од почеток на кризата работевме за да го постигнеме тој протокол и таа заедничка работа даде одличен резултат, а сличен потфат направивме и со други верски заедници – рече министерот за внатрешни работи Ламборгесе.

12 мај 2020, 13:36