Апостолскиот нунцији во Македонија монс. Пекорари со бискупот Стојанов и поранешниот претседател на Македонија Иванов Апостолскиот нунцији во Македонија монс. Пекорари со бискупот Стојанов и поранешниот претседател на Македонија Иванов 

Обраќање на Апостолскиот нунциј Пекорари на видео конференцијата по повод Првата годишнина од посетата на папата Фрањо во Македонија

На 7 мај 2020 година преку Youtube каналот на Радио Марија се одржа видео конференција по повод Првата годишнина од посетата на папата Фрањо на Македонија. На конференцијата свое обраќање имаше Апостолскиот нунциј во Македонија, монс. Пекорари, кое го пренесуваме во целост

Добар ден,

Како Апостолски Нунциј, односно претставник на Светиот Отец Папа Франциск, не би сакал да кажам мои зборови, а само да ви ги пренесам оние што Светиот Отец ми кажа.

            Тој пред сè изразува благодарност:

  • на Неговото Високо Преосвештенство Монс. Киро Стојанов,
  • на Државните Власти кои беа на должност за време на Неговата посета,
  • на локалната Католичка Црква и
  • на сите Македонци

за подготовката и реализацијата на Посетата.

Папа Франциск експлицитно ми рече дека Посетата во Бугарија и во Македонија била најдобрата што ја направил во Источна Европа и е една од најдобрите негови посети што ги направил во цел свет.

Ми рече уште дека од пред три години имал желба да се сретне со малата, но динамична католичка заедница присутна во Македонија. За него најважните моменти од посетата биле:

  • Литургијата на плоштадот „Македонија“,
  • посетата на Спомен куќата на Мајка Тереза, каде се молеше заедно со религиозните лидери во Македонија
  • и најмногу за средбата со младите која беше со екуменски карактер.

Пораката што Светиот Отец ни ја упатува и денес е онаа иста, која им ја остави на младите од Македонија. Тој рече: „Земете го во ваши раце животот. Не дозволувајте да бидете прелажани од лажни чуда. Бидете творци на надеж и создатели на единство во различностите. Обрнете се кон вашите културни и историски корени и создајте ја вашата иднина.

Мојата желба како Апостолски нунциј е зборовите на Папата да станат реалност и тој, ако е Божја волја, се врати кај нас.

 

Обраќањето на Апостолкиот нунциј започнува од 14 минута и 40 секунди

Видео конференција по повод Првата годишнина од посетата на папата Фрањо во Македонија
08 мај 2020, 12:19