Пребарување

Vatican News
Бискупот Стојанов Бискупот Стојанов 

Бискупот Стојанов ја благослови Македонија со моштите на свети Кирил

Со мошитите на свети Кирил епископот Стојанов ја благослови Македонија

Бискупот Стојанов во недела 24 мај, на празникот на Светите браќа Кирил и Методиј, откако служеше света Литургија без присуство на народ, од пред катедралната црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје ја благослови Македонија со моштите на свети Кирил Солунски. Во таа прилика епископот Стојанов измоли молитва за застапништво до свети Кирил и неговиот брат Методиј, по што ја благослови Македонија.

Благословот беше директно пренесуван преку Facebook профилот на Радио Марија Македонија.

25 мај 2020, 17:04