Пребарување

Vatican News
Епископот Стојанов повика молитвено да се соединиме со Папата и Црквата Епископот Стојанов повика молитвено да се соединиме со Папата и Црквата 

Епископот Стојанов повика молитвено да се соединиме со Папата и Црквата

Епископот Стојанов ги повика верниците да се приклучат на молитвениот повик на папата Фрањо на пандемијата на вирусот да се одговори со пандемија на молитва

Почитувани браќа свештеници, чесни сестри, драги верници!

Светиот Отец Папа Фрањо ги повикува сите христијани во среда 25 март2020 година (Благовештение според грегоријанскиот календар) да се поврзат со Него повеќе пати преку денот со молитвата „Оче наш“.

Исто така ги повикува католиците од целиот свет да се соединат духовно на молитва со него во петок 27 март во 18.00 часот. Молитвата на Светиот Отец ќе може да се следи диркно преку медиумите и ќе заврши со Евхаристиски благослов што ќе биде упатен до „Градот и светот“ преку средствата за комуникации. На сите оние што ќе бидат поврзани духовно со него во молитвата преку медиумите и скрушено се покајат за своите гревови ќе им биде поделен полн опрост согласно условите предвидени од последниот декрет на Апостолската Пенитенцерија.

Ги повикувам сите христијани и верници да се одѕоваат и приклучаат на заедничката молитва со Светиот Отец Папа, која ќе биде пренесувана преку средствата за комуникации, секој од својот дом, како би светата Црква соединета и секој христијанин и католик би добил полн опрост од своите гревови.

Поздрав и благослов

+ Киро Стојанов

Бискуп

24 март 2020, 16:46