Пребарување

Vatican News
Лого COMECE Лого COMECE 

Европските бискупи ја откажаа пленарната седница

Советот на бискупските конференции на Земјите на Европска унија (COMECE), поради корона вирусот ја откажа својата пролетна седница и ја одложи својата прослава по повод 40. годишнина за октомври

Пленарната седница и прославата на 40. годишнината од COMECE требаше да се одржи во Брисел од 25 до 27 март. Најавени учесници се и државниот секретар на Светиот Отец кардинал Пиетро Паролин и потпретседателката на Европскиот парламент Мариејад Мек Гуинс.

Одлуката е донесена во согласност со препораките на Светската здравствена организација и мерките што неодамна ги воведе белгиската влада. Генералниот секретар на COMECE Мануел Бариос Прието поради безбедноста и здравјето на вработените и партнерите на COMECE ги откажа сите состаноци, семинари и групни посети во овој период, а вработените на COMECE работат од дома до Велигден.

18 март 2020, 09:33