Пребарување

Бискупот Стојанов Бискупот Стојанов 

Бискупот Стојанов изрази братска близина со загрепскиот надбискуп Бозаниќ

Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх, монс. Киро Стојанов на 23 март 2020 година упати писмо во кое изрази братската близина со загрепскиот надбискуп, кардинал Јосип Бозаниќ по земјотресот кој го зафати градот Загреб

Ваша Еминенција, господине кардинал, сите нас нè потресе вчерашната вест за земјотресот во градот Загреб и околината. Тој град на посебен начин ни е близок и мил, затоа Вам, на сите богопосветени лица, верниците и граѓаните на Загреб во мое лично име и во име на целата Црква во Македонија ви го изразувам своето братско сочувство.

Во овие моменти на искушение и болка, ви ја изразувам својата близина молејќи го Господ Исус Христос по заговор на Света Мајка Тереза, која преку Загреб замина во мисија која Господ и ја довери, во овие моменти измоли сила во верата и заедништво како би се соочиле со предизвиците во кои се наоѓате – напиша во писмото бискупот Стојанов.

24 март 2020, 14:57