Епископот Стојанов на гробиштата во Гевгелија Епископот Стојанов на гробиштата во Гевгелија 

25. години од смртта и 100. години од раѓањето на сестра Маргарита Јорданова

Сестрите Евхаристинки од македонската провинција „Божја Провидност“ на 14 март 2020 во Гевгелија со пригодна духовна обнова и света Литургија ја одбележаа 25. годишнина од смртта и 100 годишнината од раѓањето на сестра Маргарита Јорданова Стојанова.

Со овој настан сестрите се присетија на животот и делувањето кое Бог го направи за македонската провинција на сестрите Евхаристинки преку мисијата на сестра Маргарита. Средбата започна со предавање на тема: „Павловата химна за љубовта“ (1Кор 13,1-13) во контекст на посветениот живот. Потоа следеше света Литургија, која ја предводеше епархот монс. Киро Стојанов, присетувајќи се во својата проповед на крепосниот живот на сестра Маргарита.

После завршувањето на светата Литургија сестрите предводени од епископот Стојанов се упатија на гробот на сестра Маргартита, каде што се молеше панахида. Духовната обнова заврши со заеднички ручек во пријатно заедништво во манастирската градина.

18 март 2020, 10:54