Епископот Стојанов го предводеше погребот на сестра Лујза Стојчева, сестра Евхаристинка Епископот Стојанов го предводеше погребот на сестра Лујза Стојчева, сестра Евхаристинка 

Погребена с. Марија Лујза Стојчева, сестра Евхаристинка

На Католичките гробишта во Струмица, во понеделникот на 20 јануари 2020 година е погребена с. Марија Лујза Стојчева, сестра евхаристинка која почина на 18 јануари, на 70 години од животот и 55 години монаштво.

Опелото со светата Литургија која започна точно напладне, во Катедралната црква „Успение на Пресвета Богородица“ во Струмица, во присуство на голем број верници го предводеше Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх во сослужение на свештеници од Струмичко-скопската епархија и Скопската бискупија. Од сестра Лујза во Католичката катедрала се простија голем број верници и граѓани од Струмица и околината.

Во проповедта која ја одржа за време на светата Литургија, епископот Стојанов, зборуваше за нејзиниот живот, за нејзината пожртвувана работа, го спомна нејзниот пат до монаштвото, како и нејзиното делување како монахиња на сестрите Евхаристинки. Меѓу другото тој истакна: „Драги браќа и сестри, сакаме да ја искажеме својата љубов и да молиме Бог да биде милостив за душата на нашата сосестра. Исто така сакаме да благодариме на Бога за неа, бидејќи таа беше дар на ова месна Црква, како што е и секое духовно звање дар на Црквата. Сакаме да кажеме на добриот Бог фала за сите милости дадени преку неа како Евхаристинка од Господа Бога и за утврдување во верата на многумина. Исто така сакам да ја искажам благодарноста до браќата свештеници и сите луѓе кои ја прифатија и соработуваа со неа и кои ѝ овозможија таа да дејствува и сведочи како сестра Евхаристинка.

По опелото и светата Литургија, погребната поворка се упати на Католичките гробишта во Струмица, каде беше погребена с. Лујза Стојчева

21 јануари 2020, 20:26