Пребарување

Поглаварите на верските заедници на средба со претседателот Пендаровски Поглаварите на верските заедници на средба со претседателот Пендаровски 

Поглаварите на верските заедници на средба со претседателот Пендаровски

На 17 декември 2019 година поглаварите и претставниците на верските заедници наведени во Уставот беа примени од претседателот Пендаровски

Покрај Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх, монс. д-р Киро Стојанов на средбата присуствуваа поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Митрополит Скопски, Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустиниана Прима, г.г. Стефан, поглаварот на Исламската Верска Заедница, Реис Ул Улема хаџи Сулејман ефенди Реџепи, претседателот на Црковното претставништво на Евангелско – методистичката црква, Емил Заев, претседателката на Еврејската заедница во Република Северна Македонија, Берта Романо Николиќ, како и Даријан Сотировски, директор на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи.

Поглаварите и претставниците на верските заедници ја поздравија иницијативата за одржување на средба и посочија дека и покрај верските разлики, заедничка цел на сите е градење на мир и почитување.

Претседателот Пендаровски ја истакна неговата заложба за соработка со сите верски заедници и укажа за важноста на улогата на поглаварите на верските заедници во негувањето на соживотот, како важен предуслов за просперитет и напредок на државата.

19 декември 2019, 23:23