Пребарување

Македонски Каритас започна акција за помош на настраданите во Албанија Македонски Каритас започна акција за помош на настраданите во Албанија 

Македонски Каритас започна акција за помош на настраданите во Албанија

Македонски Каритас започна акција за собирање средства за настраданите во земјотресот во Албанија, кој се случи пред неколку дена. Со тоа се вклучува во напорите со останатите Каритас организации да обезбеди помош за најитните потреби на луѓето кои се погодени од земјотресот, луѓето кои останаа без кров, кои останаа без своите најмили.

Македонски Каритас ги повикува сите граѓани и компании да се вклучат во оваа акција на солидарност за настраданите од земјотресот во Албанија. Паричните прилози можат да бидат уплатени на: Фондација МАКЕДОНСКИ КАРИТАС, жиро сметка: 300000004360186, Комерцијална банка, со назнака – донација за настраданите во земјотресот во Албанија.

Покрај помош за настраданите, Македонски Каритас повикува на молитва за загинатите, нивните семејства, повредените, оние кои се директно или индиректно погодени од земјотресот и за сите кои во овие моменти несебично конкретно помагаат – стои во соопштението од Македонски Каритас

01 декември 2019, 22:06