Епископот Стојанов во посета прими претставници на Каритас Европа и Италијански Каритас
На 26 ноември 2019 претставници во епископската резиденција во Скопје, Н.В.П. д-р Киро Стојанов, претседател на Македонски Каритас во посета ги прими претставниците на Каритас Европа г-ѓа Миријам Пикаар и на Италијански Каритас г-дин Даниеле Бомбарди.
По завршувањето на средбата со епископот Стојанов преставниците на Каритас Европа и Италијански Каритас во просториите на Македонски Каритас остварија средба и со директорот на Македонски Каритас, дон Паво Шекерија, како и со персоналот во просториите.
На средбата освен за проектните активности, стана збор и за организацискиот развој на Македонски Каритас.
01 декември 2019, 22:03