Пребарување

Епископот Стојанов со архиепископот Цирил Васил, секретар на Конгрегацијата за Источни цркви во Радово Епископот Стојанов со архиепископот Цирил Васил, секретар на Конгрегацијата за Источни цркви во Радово 

Црквата во Македонија доби мошти на Свети Јуда Тадеј и Света Катерина Сиенска

Во недела на 24 ноември 2019 година, во парохиската црква „Свети Пророк Илија“ во Радово Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов во заедништво со архиепископот Цирил Васил, секретар во Конгрегацијата за Источни цркви служеше света архиерејска Литургија. Пре дпочетокот на Литургијата архиепископот Васил на епископот Стојанов ги предаде моштите на апостол Јуда и света Катарина Сиенска.

Светата Литургија на која сослужуваа свештениците од Струмичко-скопската епархија започна со процесија. По влегувањето во црквата пред иконостасот архиеписокопот Цирил Васил му ги предаде моштите на светиот апостол Јуда Тадеј и света Катарина Сиенска, на епископот Стојанов, кои ќе останат постојано во парохиската црква во Радово. Моштите вградени во уникатно направена трокрилна икона, на која во средина е прикажана Марија од Назарет, од левото крило на иконата е претставена света Катарина Сиенска, а на десното свети Јуда Тадеј, кога двете крила на иконата ќе се затворат се добива иконата Пресвета Богородица Утешителка - Паљурска, која беше поставена на олтарот.

За време на Литургија проповед одржа архиепископот Цирил кој зборуваше за традицијата во христијанството за почитувањето на моштите, а исто така се осврна и на животите на свети апосотл Јуда Тадеј и света Катерина Сиенска ...

По завршувањето на светата Литургија верниците имаа можност да се поколнат, да се помолат и да ги целиваат моштите.

Моштите кои парохијата свети пророк Илија од Радово ги доби се мошти од прв ред, а тоа значи дека се директно поврзани со телото од светецот.

Радио Марија вршеше директен пренос на светата Литургија.

26 ноември 2019, 09:37