Cerca

Vatican News
Бискупот Стојанов на Света Литургија во Битола Бискупот Стојанов на Света Литургија во Битола 

Битола: Прославен празникот на свети Винко Павелски

Со света Литургија во Битола предводена од бискупот Стојанов прославен е празникот на свети Винко Павелски

На 28 септември 2019 година, во парохијата Пресвето Срце Исусово во Битола беше прославен празникот на свети Винко. Средбата започна во црквата со молитва на Средниот час, а сите присутни ги поздрави парохот Паво Шеќерија велејќи дека ова е голем ден кога за прославата на свети Винко Паулски се собираат три гранки на Винковото семејство во Македонија, а тоа се сестрите Ќерки на христијанската љубов - Усмиленки, сестри Евхаристинки, чиј основател е член на Заедницата лазаристи на свети Винко и Винковата конференција во Македонија.

Потоа следеше првото размислување кое го одржа усмиленка и одговорна на сестринската заедница во Битола, сестра Љубица, на тема "Две Свети Тајни како извор на Винковата харизма". Второто размијслување го одржа провинцијалната поглаварка на сестрите Евхаристинк,и сестра Стефанија на тема: " Евхаристијата во животот на свети Винко и основателите на сестрите Евхаристинки о. Јосиф и Еврозија Алоати". Потоа бискупот Киро Стојанов служеше света Литургија за присутните сестри.

Во пригодната хомилија бискупот рече: „Има настани со кои се означува историјата, но има и личности што означуваат историја. Имa вредности кои се вечни, ама ако не се овоплотени во конкретно време и не се соживеени доволно јасно, тогаш се поставува прашањето дали можат да останат вечни вредности? Една од таквите познати личности што ја означила историјата на Црквата овоплотувајќи вечни вредности љубов и милосрдие, е свети Винко Павелски“.

„А сега, драги сестри, во тој контекст гледајте се себе и својата харизма. Во својата историја имате и големи и мудри личности, но Општеството го носеа сестри, обични, мали, скромни, што знаеле да пристапат кон потребните. Било тоа во поучувањето, во помагањето или било тоа во негувањето на болните. Навестувањето на дело било поголемо од зборовите. Делата се погласни од проповедта! Тоа е таа апсурдна Исусова логика: Кога ќе бидам воздигнат, сите ќе привлечам кон себе. Ако некој не е „препознатлив на крстот“ тогаш не е сведок. Во таа смисла секоја од вас го гледа својот животен пат. Повикувајќи ве Бог не ја промени вашата природа, туку ви ја даде Неговата моќ, и што е многу тешко да се разбере: Тој ве стави на крстот! Кога ќе ја погледнете историјата на вашите манастири и животот на вашите сестри, секогаш имало многу активни сестри, но скоро исто толкав број биле и оние што страдале и само се молеле. Тоа останува мистерија за нас, но Бог постојано ни го покажува вистинскиот пат на живеење на Евангелието. Ви благодарам сестри за ова сведоштво во служењето и страданието. Сепак, не можеме да го заобиколиме прашањето: Што ќе биде со нас и нашата харизма понатаму? Нема звања, го нема повеќе ова големо подрачје на делување. Што понатаму? Да се обидеме да го погледнеме ова прашање со очите на папата Фрањо. Сигурно сте забележале дека и тој е еден од вас. Кога и нас нѐ посети, зарем не беше онака како тоа пишува свети Павле во прочитаниот текст од посланието до Коринтјаните? Буквално така. Скоро сите негови патувања се меѓу периферните и малите народи. Но, што често пати ни побегнува од нашиот вид е тоа што тој оди таму каде изобилува живот: Африка.  Колку многу звања доаѓа од Индија, Азија. Што мислите, како Бог пробуди толку многу звања што сега доаѓаат во Европа како мисионери – Нова евангелизација? Сестри, вие живеете во девственост, но со вашата молитва, пожртвуваност и живот сте „плодни мајки на неброено мноштво“. Бог само ги премести силите на својата работа од една паралела до друга. Зарем не рековме дека Тој е единствен КОЈ ЈА ВОДИ ИСТОРИЈАТА. Европа ги колонизираше континентите и им го одземаше земското богатство, Бог сега ги враќа овие богатства со камата токму на овие народи во духовен препород, раѓање, развој. Историјата продолжува. Бог со тоа не е посиромашен – посиромашно остана нашето општество - кое енергично се бореше против Него, против Бога, за да го отстрани од нашата средина. Сега, истото општество се бори некако да ги насочи „сметките“ и да создаде безброј друштва на социјални институции, но гледаме дека во овие општества - чест на исклучоците - интересот се парите, престижот, а исходот честопати е законот за еутаназија... Неверојатно“!

„Сепак, почитувани сестри и драги верници, нека нѐ теши словото на Евангелието, една од најубавите страници на Новиот завет. Христос доаѓа во својата слава „конечно сѐ да предаде во славата на својот Отец“. Во тој славен суд има само еден критериум: Ефективна или делотворна љубов. Тоа е аголот на гледање и премин на суд. Но, ова е сè уште наша шанса и покана, како е сега со мене? Уште не е доцна и не е невозможно, без оглед колку не има. Времето секогаш е наше. И секогаш е СЕГА. Да запомнеме: Два збора се излишни, непотребни, тоа се „вчера“ затоа што помина и „утре“ бидејќи сѐ уште не дошло. Затоа, живееме секој ден НАШ ДЕН или наше ДЕНЕС... Нека во тоа ни помогне примерот и застапништвото на свети Винко, кој и сега живее не само во небесната слава, туку и во харизмата која е вечна и која се шири по светот: Единственото нешто што се исплати и вреди да се ЖИВЕ Е ЉУБОВТА! Нека ви е честит празникот“.

03 октомври 2019, 16:02