Пребарување

2019.09.06 Celebration of the feast of St. Mother Teresa in her hometown, Skopje, North Macedonia 2019.09.06 Celebration of the feast of St. Mother Teresa in her hometown, Skopje, North Macedonia 

Прославен празникот на Света Мајка Тереза во нејзиниот роден град

Свечено Евхаристиско славење во катедралата Пресвето Срце Исусово во Скопје на празникот Света Мајка Тереза, на 5 септември 2019 година кое го предводеше хрватскиот бискуп и генерален секретар на Хрватската бискупска конференција, монс. д-р Петар Палиќ во заедништво со месниот бискуп монс. д-р Киро Стојанов.

Скопје на празникот Света Мајка Тереза, на 5 септември 2019 година кое го предводеше хрватскиот бискуп и генерален секретар на Хрватската бискупска конференција, монс. д-р Петар Палиќ во заедништво со месниот бискуп монс. д-р Киро Стојанов.

На свечената Литургија сослужуваа свештеници од Скопската бискупија и Струмичко-скопската епархија. Тоа беше врвот на духовно-културната манифестација „4. Денови на Света Мајка Тереза“ кои започнаа на 3 септември во Скопје, родниот град и парохија на Света Мајка Тереза.

Литургиското славење започна со процесија проследена со  песна околу скопската катедрала. Во своето поздравно обраќање на почетокот од евхаристијата бискупот Стојанов му искажа добредојде на бискупот Палиќ, истакнувајќи тој не е гостин, бидејќи потекнува од нашата бискупија и доаѓа кај своите како и Света Мајка Тереза, и дека неговата посета секогаш нè радува.

Во пригодната хомилија бискупот Палиќ рече: „Драги браќа е сестри! Среќен сум што денес во оваа катедрала и во овој роден град на денешната светица, Света Мајка Тереза, можам да ја славам оваа евхаристија. Му се благодарам на бискупот Киро за можноста да бидам учесник во оваа радост на католичката заедница во Македонија во славење на света Мајка Тереза и заедно со сите вас да молам за нејзиното застапништво.

Еден теолог поставил еднаш едно прашање, дали ова наше време остана без пророци? Без оние, кои како старозаветните пророци, ќе му упатуваат на народот зборови на охрабрување и опомена и кои ќе живеат така што целиот нивен живот ќе биде одраз на Божјото делување во овој свет, но и да предизвикаат многу прашања и поделби. Света Мајка Тереза била пророк на своето доба, но и за секое време.

Делот кој го слушнавме од книгата на пророкот Исаија го овоплоти Мајка  Тереза во својот живот. Тешко е да некој давал помош на сиромашните на така практичен, бестрашен и со толку личен напор како Мајка Тереза. Се грижела за бездомните, делела леб на гладните, ги извлекувала болните од кантите за ѓубре и ги носела во манастирот, ги собирала тешко болните и ги испраќала оние на смртна постела со достоинствена смрт. Нејзина посебна љубов биле лепрозните. Дури и во поодминати години ги чистела црвите од засмрдените рани, се грижела за бедните, кај кои половина од лицето веќе се распаѓало. Еднаш еден американски новинар во страв од сѐ што видел ја прашал: „Јас тоа не би го правел ни за милион долари!“ Мајка Тереза го погледнала, се насмеала и одговорила: „Ни јас не би го правела!“ Не го правела тоа за долари, го правела за Бога. Нејзиниот живот бил живот на преданост на најсиромашните, живот по Христовиот Дух, полн со самопожртвуваност и голема едноставност. Мајка Тереза не пишувала големи политички манифести со обзир на сѐ поголемото растење на сиромаштијата, туку делувала. Делувањето го сметала за поважно од јавниот говор“.

„Целиот нејзин живот всушност бил навестување на Бога. Често знаела да каже: Ние сме мисионери да ја донесеме Божјата љубов во светот. Мајка Тереза била „мисионерка на љубовта“, добростива, дело на милосрдието. Но била и голема молителка. Во 4,30 наутро: Заедничка молитва, медитација, евхаристиско славење. Секоја вечер еден час обожавање пред Дарохранителницата. Литургијата е духовна храна без која не би можела да издржам ни еден час од својот живот, признава Мајка Тереза. Евхаристијата е извор на нејзината радост и сила. Но нејзиниот работен ден за неа е исто така богослужење, само во поинаков облик: Во светото причастие го имаме Христос во облик на леб, објаснува Мајка Тереза. Во сиромашните повторно го среќаваме. Тоа е истиот Христос. Бев гладен, бев гол, бев болен, бев бездомник. Мене ми го направивте. Тоа е Христос, оваа реченица е клучна за разбирање на животот на Мајка Тереза“.

„Мајка Тереза исто така го познавала – и тоа со десетлетија - духовниот пустош, доба на Божјата оддалеченост, внатрешно превирање, длабоки емоционални шокови. Многу светци трпеле потешкотии во вера и сомнеж во Бога. Дури и големите светци се од месо и крв. Биле во криза, изложени на искушенија. Морале да се борат, надвладуваат. Морале да се докажат на испитите. Не биле поштедени во времињата на страдање. Знаеле за страв и осаменост. Им требало трпение и упорност. Пред очите ни е мала и кревка жена, и затоа ни е блиска. Мајка Тереза не е блескав јунак на висок пиедестал, туку е жена со голема  човечност. Да молиме за нејзиното застапништво, како би биле едни на други браќа и сестри, да не го одвраќаме погледот од браќата и сестрите кои се во потреба. Тоа ќе го можеме единствено ако во евхаристискиот леб, живиот Христос, и во неговиот Збор секогаш пронаоѓаме одново нов извор на сила за живот и служење“, рече бискупот Палиќ.

После причесната молитва собраната верска заедница ја измоли молитвата на накана на Света Мајка Тереза, и после Литургијата следеше почитување на моштите на Света Мајка Тереза.

06 септември 2019, 14:53