Пребарување

Учесници на средбата на млади во Ирак Учесници на средбата на млади во Ирак  

Во Ирак се одржа „Средба на млади 2019“

Во последните денови беше организирана тридневна средба на млади во Анкава, предградие на Ербил, во северен Ирак, во организација на Калдејската католичка црква

Програмата на средбата вклучуваше молитва, евхаристиско обожавање и покорничко славење. Стив Шани, одговорен за медиумите во Ербилската архиепископија, во интервју за Ватикан њуз рече дека младите биле заедно цел ден, од 8 наутро до полноќ. Програмата опфаќаше и размислување за текстовите од постсинодскаиот апостолски поттик на папата Фрањо, „Christus vivit“ , која ја водеа оците Исусовци.

Во петокот, 23 август, Калдејскиот архиепископ на Ербил одржа предавање на тема „Дали Црквата може да се потпре на младите?“ Во Црквата има простор за млади – истакна Стив Шани и додаде дека тие со воодушевување сакаат да учествуваат во градење на иднината на Црквата како и дека тоа ја покажува нивната реакција на средбата и интензитетот со кој ја доживеале.

Отец Шани исто така истакна дека одзивот бил голем, наведувајќи податок на повеќе од 1.200 учесници, помеѓу кои беа момчиња, девојчиња, свештеници, монаси, монахињи и наставници од целиот Ирак. Се надеваме дека оваа средба ќе се одржува секоја година - рече Шани, изразувајќи ја својата желба во неа да се вклучи католичката младина од целиот свет. Настанот заврши во сабота 24 август со Евхаристиско славење.

29 август 2019, 08:29