2019.04.30 La visita apostolica del Papa Francesco alla Macedonia Nord 2019.04.30 La visita apostolica del Papa Francesco alla Macedonia Nord 

Издаден Литургискиот водич за Литургијата со папата Фрањо

Издаден Литургискиот водич за Литургијата со папата Фрањо за неговата посета во Скопје

Одборот за литургија за посетата на папата Фрањо на Македонија го издаде Литургискиот водич кој ќе се користи за време на Светата Литургија на плоштадот „Македонија“. Во него е претставен редот на Светата Литургија, молитвите, читањата од Светото Писмо и песните кои ќе бидат изведени.
Папата Фрањо ќе ја предводи литургијата на латински јазик. Ќе се пее мисата “De Angelis” во изведба на здружените хорови: Катедрален хор „Пресвето Срце Исусово“; Професионален хор “Про Арс“; Членови на катедралниот хор „Јосип Стадлер“ и Богословскиот хор на Врхбосанската католичка богословија „Стјепан Радовиќ“. Хоровите ќе пеат под диригиентската палка на Сашо Татарчевски, во музичка придружба на Македонската Филхармонија и оргулистот професор Марко Станушиќ. Аранжманите за оркестарот се на Дамир Имери.

03 мај 2019, 22:32