Пребарување

Папата за време на средбата со свештениците, нивните семејства и богопосветените лица во скопската катедрала Папата за време на средбата со свештениците, нивните семејства и богопосветените лица во скопската катедрала 

Го почувствуваме единството во верата кое доаѓа од заедништвото со Петар

„Посетата на папата Фрањо на Македонија ја покажува големината на Католичката Црква“ – рече o. Гоце Костов. Во вторникот, тој го сподели своето искуство со папата Фрањо, дека е оженет свештеник и колку за него била важна семејната молитва, кога ја загубиле својата ќерка пред 14 години.

На 7 мај, папата Фрањо ја заврши својата апостолска посета на Бугарија и Северна Македонија. По посетата за Ватикан њуз зборуваше со отец Гоце Костов, кој се осврна на посетата на Папата, но и за неговата средба со Светиот Отец.

Мала, но жива заедница

Околу 20.000 католици живеат во Македонија“ – рече отец Гоце. Посетата на Светиот Отец на „малата и жива заедница ја покажува големината на Католичката Црква, а ние го почувствуваме единството во верата кое доаѓа од заедништвото со Петар.“

Важноста на семејството во пасторалната работа

„Јас сум свештеник од византиски обред, оженет сум и имам четири сина“ – рече отец Гоце. „Ние исто така имаме и ќерка која почина пред 14 години.

Во вторникот, тој и неговото семејство имаа можност да зборуваат со Папата лично и меѓу другото, тие го споделија со Папата нивното искуство за важноста на семејната молитва во тие моменти на тага.

„Семејната молитвата беше таа, која нè зајакна во верата и заедништвото“ – рече о. Гоце. „За нас беше милост што имавме можност да споделиме со Светиот Отец за важноста на семејниот живот во пасторалната работа.

За возврат Папата зборуваше со отец Гоце и неговото семејство за важноста на домашната црква. „Добивме апостолски благослов и сум благодарен на Бог и на Светиот Отец за зборовите на охрабрување.“

09 мај 2019, 09:33