Vatican News
Епископот Стојанов со свештениците од Струмичко - скопската епарихија и Скопска бискупија Епископот Стојанов со свештениците од Струмичко - скопската епарихија и Скопска бискупија 

Честитки и благодарност од свештениците до епископот Стојанов

На 14 мај 2019 година во епископската резиденција во Скопје, свештениците од Струмичко – скопската епархија и Скопска бискупија на Н. В. П. монс. д-р Киро Стојанов, честитајќи му го 60 роденден и 20 години од хиротонијата, му искажаа и благодарност за успешната Апостолска посета на папата Фрањо на Македонија.

Средбата започна во капелата со молебен до Пресвета Богородица, а благодарна реч одржа отец д-р Зоран Стојанов, декан на деканатот Свети Кирил и Методиј при Струмичко – скопската епархија. Во таа прилика тој истакна: Ваше Високопреосвешенство, денес собрани тука во центарот на Католичката Црква во Македонија, ние свештениците од двата обреда (источен – византиски и западен – латински), се собравме да ви изразиме благодарност и честитки. Благодарност, зашто во Вашата татковска грижа за Христовата Црква во Македонија ни овозможивте радост која ги исполни срцата на свештениците, монашките заедници, новите црковни движење, на верниците и на сите луѓе со добра волја во Македонија, да го дочекаме и заедно се молиме на Господ Бог со Христовиот намесник и Петров наследник – Папата Фрањо (на 07 мај 2019). Честитки, зашто дваесет години (мај 1999 – мај 2019) одкако свети Иван Павле II ве вброи во наследниците на Апостолите, Вие сите овие години ги направивте да бидат исполнети со многу дела направени во чест и слава на Севишниот Бог. (…)

Во името на браќата свештеници и верниците од нашите парохии сакаме да ве увериме во нашите секојдневни молитви за Вас како Пастир на Црквата во Македонија, и ви порачуваме останете таков ентузијаст засекогаш во Вашиот живот каков што бевте во сите овие поминати година на Господовата нива. Сакаме да сте ентузијаст зашто: Според етимологијата изразот “ентузијазам” значи “божествена инспирација”. Личност ентузијаст делува со радост за да го реализира својот идеал, својот животен проект и било која активност, без ралика дали е едноставна или комплицира.

Божествената испирација која ги движеше пророците беше верата во нешто или некого. Таа божествена сила се манифестира во ревноста, на дарување за другите, енергијата со која се користи и се живее сопствениот живот.

-Среќавањето со личности ентузијасти, кои со сопствениот живот го сведочат идеалот кој си го поставиле е дар Божји.

-Среќавањето со личности ентузијасти кои се откажуваат од кукавичлук, угнетување, измама, лаги и неправда е дар Божји.

-Среќавањето со личности ентузијасти кои дават охрабрување на поединците кои се тажни, депресивни, болни или неприфатени е дар Божји.

-Среќавањето со личности ентузијасти кои ни помагаат во преземениот пат, ги просветлуваат нашите мрачнини и ни отвараат нови видици, е дар Божји.

-Среќавањето со личности кои со својот ентузијазам ни помагаат да живееме подобар живот е дар Божји.

-Среќавањето со личности ентузијасти е како што вели Евангелието, „среќа со која е пронајдено изгубеното богатство“.

Ентузијазмот ги одалечува потешкотиите, ги надминува пречките, ги отвара вратите, ги исполнува срцата, ги отстранува страданијата и жалостите, секогаш повеќе не приближува до Евангелието до пораката на Исус.

Луѓето исправени пред песимизмот и разочарувањата имат потреба од личности кои го пренесуваат ентузијазмот.

Верниците во Македонија и сите луѓе со добра волја во вас Дедо Владика гледаат еден оптимист кој со својот ентузијазам исполнет со верата во Единиот Бог ги помага во надежта на Божјата правда и неограничено милосрдие. Ние како Ваши први соработници од Скопска бискупија и Струмичко-скопска епархија тоа сесрдно го потврдуваме и стоиме исправени и охрабрени од Вашата подршка во предизвиците кои се пред нас. (…)

Заедништвото продолжи со заедничко агапе и дружење.

16 мај 2019, 08:56