Cerca

Vatican News
Молитва за Шри Ланка пред црква во Калкута Молитва за Шри Ланка пред црква во Калкута 

Сојузот на азиски епископски конференции: Молитва за жртвите

По нападите кои се случија на Велигден во Шри Ланка уапсени се 40 луѓе. Според последните проценки загинаа 310 лица, а 500 се повредени. Федерацијата на азиските епископи ја изрази својата солидарност, а Советот за безбедност на Обединетите нации го осуди секој облик на тероризам.

На 23 април во цела Шри Ланка со три минути молчење е обележан денот на жалоста. Претседателот на азиските епископски конференции (FABC), кардиналот Чарлс Маунг Бо, испрати писмо со солидарност и сочувство до надбискупот на Коломба кардиналот Малколм Ранијит. Како што пренесува агенцијата Фидес кардиналот Маунг Бо изразува вознемиреност заради трагедијата која милиони невини човечки животи ги стави на искушние токму на денот на прославата на победата на животот и доброто над смртта и злото.

Додека ги посветува своите скромни молитви за сите жртви на тоа бесмислено насилство исто така се молам за донаторите, волонтерите и спасувачите. Мора да го молиме милосрдниот воскреснат Господ кнезот на надежта и мирот да ги поддржи сите луѓе со добра волја за да можат да придонесат за ублажувањето на климата на стравот и сомневање која се создаде по експлозијата – стои во пораката на претседателот на Сојузот на азиски епископски конференции кој на крајот од своите молитви за Шри Ланка ги придружи молитвите на браќата епископи и верници од сите земји членки на сојузот.

Советот за безбедност на Обединетите нации најостро ги осуди серијата гнасни и кукавички терористички напади на Шри Ланка и истакна дека тероризмот во било кој облик претставува една од најсериозните закани за меѓународниот мир и безбедност. Освен тоа Советот смета за неопходно одговорните за нападите, организаторите и финансиерите да бидат приведени пред правдата и ги повика сите држави  во согласност со обврските одредени со меѓународното право активно да соработуваат. На крајот изјавија дека секој терористички чин без оглед на молитва, злосторнички и неоправдан во согласност со Повелбата на Обединетите нации државите мора со сите средства да се борат против такви и слични закани на меѓународниот мир и безбедност.

На крајот спомнуваме дека најраширена религија во Шри Ланка е Теравада будизмот на кој му припаѓаат Сингалците најбројниот народ во таа држава. Според последниот попис на населението Теревада будистите сочинуваат околу 70% од населението. Хиндусите и муслиманите како што известува агенцијата Фидес сочинуваат 12,6% односно 9,7% од населението. Христијаните според пописот од 2012 година се околу 1,5 милиони, а мнозинството се римокатолици. Христијанското малцинство во Шри Ланка која сочинува околу 7% од популацијата биле жртви на некои спорадични епизоди на насилство во минатото, но никогаш со таков брутален ефект – рече за агенцијата Фидес една верничка католик.

24 април 2019, 08:45