Vatican News
Автобуси на ЈСП со Папата Автобуси на ЈСП со Папата 

Скопје со радост го очекува доаѓањето на папата Фрањо

За десетина дена во Скопје доаѓа папата Фрањо. Во Скопје веќе се чувствува атмосфера на радост и гостопримливост.

За само десетина дена Светиот Отец папата Фрањо ќе ја посети македонија и родниот град на света Мајка Тереза – Скопје. За атмосферата за овој голем настан говори фотографијата на нашиот фоторепортер од Скопје. 

Папата Фрањо ќе ја посети Северна Македонија и родниот град на света Мајка Тереза Скопје на 7 мај 2019 година. При тоа Светиот Отец ќе оствари средба со државниот врв, граѓанското општество, а ќе се сретне и со погаварите на верските заедници во НУ „Спомен куќа на Мајка Тереза“ во Скопје. Веднаш потоа папата Фрањо ќе има средба со лица во потреба.

Централен настан е светата Литургија на плоштадот Македонија, а во попладневните часови е планирана екуменска и меѓурелигиска средба на млади, како и средба со свештениците, нивните семејства и богопосветените лица.

27 април 2019, 18:47