Пребарување

Папата и Кардиналот Годфриед Данелс Папата и Кардиналот Годфриед Данелс 

Сочувство на папата Фрањо за смртта на кардинал Годфриед Данелс

Белгискиот кардинал Годфриед Данелс почина на 14 март 2019 година во својот дом во Малинес во 86 година од животот. По неговата смрт Кардиналскиот колегиум го сочинуваат 222 члена, од кои 122 од нив со право на глас.

По повод смртта на бриселски надбискуп во мирување кардинал Данелс, папата Фрањо упати телеграма со сочуство до кардинал Јозеф Де Кесел, претседател на Белгиската епископска конференција. Изразувам искрено сочуство до вас и семејството на кардиналот, белгиските епископи и клерот, богопосветените лица и сите верници, кој се погодени од оваа загуба. Тој ревен пастир верно служеше на Црквата, не само во својата бискупија, туку и на националната како претседател на Белгиската епископска конференција, иако беше и член на повеќе римски дикастерии.

Внимателн на предизвиците на Црквата, кардинал Данелс активно учествуваше на повеќе епископски синоди, вклучувајќи ги оние во 2014 и 2015 година за семејството. Повикан е кај Господ токму во ова време на прочистување и чекорење кон Господовото воскресение. Го молам Христос, победникот над злото и смртта, да го прими во својот мир и својата радост. Во знак на утеха поделувам посебен апостолски благослов на вас, роднините на починатиот кардинал, пастирите, верниците и сите кои ќе присуствуваат на погребот – стои во телеграмата на Папата.

15 март 2019, 09:41