Пребарување

Радио Марија Радио Марија 

Регионална средба на Радио Марија во Меѓугорје

Од 28 февруари до 3 март 2019 година во Меѓугорје – Босна и Херцеговина се одржа Регионална средба на Радио Марија, на која учествуваат претставници од Македонија, Босна и Херцеговина, Србија, Хрватска, Албанија и претставник на Светското семејство одговорен за Европа, г-дин Рафале Галати.

Во првите два дена од средбата учесниците предводени од фра Славко Топиќ, размислуваа за молитвата, исповедта и евхаристијата. Во рамки на духовната програма од средбата предавање одржа и фра Маринко Шакота, парох во Меѓугорје на тема: Библиските темели на меѓугорските објави..

Во останатите денови присутните дискутираа за повеќе аспекти од работата на Радио Марија: програма, волонтерство, донатори и донации, при што беа разменети разни искуства, како и планови за идна соработка.

03 март 2019, 10:27