Пребарување

Vatican News
Милан Стипиќ именуван за Апостолски управител на Крижевската епархија Милан Стипиќ именуван за Апостолски управител на Крижевската епархија 

О. Милан Стипиќ нов Апостолски управител на Крижевската епархија

Папата Фрањо го прифати повлекувањето на монс. Никола Кеќиќ од пасторалното служење на Крижевачката епархија и на истата епархија го именува отец Милан Стипиќ протоереј во Крижевската епархија и досегашен парох во Јастребарско за Апостолски управител.

Веста за именувањето е објавена во Рим и во Загреб во понеделникот на 18 март 2019 година во 12.00 часот, соопшти Апостолската нунцијатура во Загреб.

Протоереј ставрофор отец Милан Стипиќ е роден на 28 декември 1978 година во Босански Нови (Босна и Херцеговина) од татко Владислав и мајка Весна. Детството го поминува во Липик каде е и крстен. Основно училиште посетувал во Липик, а заради воените случувања во Загреб и во Чазма.

По завршувањето на основното училиште во 1993 година се запишал вп надбискуписката класична гимназија во Загреб и започнува свештеничка формација во Меѓубискуписката семинарија.

Во 1997 година влегува во Источната католичка семинарија на Крижевската епархија и студира на богословскиот факултет во Загреб. Покрај редовните студии активно се занимава и со црковна музика од источен обред.

За ѓакон е ракоположен на 8 ноември 2002 година во конкатедралата „Свети Кирил и Методиј“ во Загреб, а свештеничкото ракополагање го примил на 18 октомври 2003 година во источната католичка катедрала „Пресвета Троица“ во Крижевци. Истата година започнува со службата парох во источните католички парохии  Кашт и Радатовиќ во Жумберскиот деканат.

Во 2007 година го добива насловот протоереј и ја презема пасторалната грижа за католиците од источен обред во Далмација. Од 2012 година е парох во Јастребарско. Освен храватскиот говори руски и украински јазик.

18 март 2019, 13:19