Пребарување

Каритас Каритас 

Каритас Македонија учествува на завршна средба за Елба

На 27 и 28 февруари 2019 година во Рим претставници на Македонски Каритас присуствуваа на завршна конференција, на која беа претставени резултатите и ефектите од Елба 2 како и плановите за Елба 3.

Покрај Македонски Каритас на средбата учествуваа претставници на Каритас од Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Косово, Албанија, Бугарија, Грција како и претставниците на Каритас од Шпанија, Австрија и Италија.

Македонската делегација предводена од директорот дон Паво Шекерија оствари билатерална средба со претставниците на Италијанскиот Каритас и ги покани во Македонија по повод посетата на Светиот Отец, кој ќе го посети Скопје на 7 мај 2019 година.

01 март 2019, 10:03