Пребарување

Катедрала Катедрала 

Средба на надбискупот Баришиќ и протоереј Кирко Велински

За време на посетата на Сплит, протоереј ставрофор Кирко Велински парохиски свештеник на Македонската православна црква во Хрватска, во четртокот на 21 февруари се сретна со сплитско- макарски надбискуп Марин Баришиќ.

Во пријателски разговор разговараа за положбата на Македонците во Хрватска кои во Загреб ги има околу 667, во Пула околу 250, во Риека и во целата жупанија околу 500, токму како и во Сплит и во Сплитско-далматинската жупанија. Разговараа и за посетата на Папата на Македонија и за заедничката борба за зачувувањето на христијанските вредности во модерниот свет.

Протоереј Велински му се заблагодари на надбискупот Баришиќ како и на сите хрватски епископи за помошта која не е само декларативна, туку конкретна, а посебно за можноста за користење на католичките црковни објекти за нивна богослужба во сите четири градови каде што се присутни Загреб, Пула, Риека и Сплит каде што се наоѓаат припадниците на Македонската православна црква општина Свети Наум Охридски се собираат во црквата на сестрите Служителки на милосрдието. Исто така го запозна надбискупот Баришиќ за текот на градбата на првата Македонска православна црква во Загреб која освен простор за богослужба и стан за свештеникот ќе има и простории за дружење, сала за веронаука и парохиски двор.

Надбискупот Баришиќ ја истакна добрата соработка со Македонската православна црква на подрачјето на Сплитско –макарската надбискупија и изрази надеж во продолжувањето на градењето на добрите односи.

Протоереј Велински и надбискупот Баришиќ си разменија пригодни дарови.

22 февруари 2019, 11:29